Небрендираниот Астон го потсетил Алонсо на Јагуар

Фернандо Алонсо се потсети на својот тест со Јагуар во 2002 година откако возеше небрендиран зелен Астон Мартин за прв пат на тестот во Абу Даби. 

Наредната година шпанецот ќе вози во Астон Мартин, а по крајот на асезоната доби дозвола од своите работодавци во Алпин да тестира со Астон Мартин. Двократниот првак изврте 97 кругови со АМР22 и целосно е среќен со неговата одлука. Болидот мораше да биде без спонзори поради договорот со Алпин и беше целосно зелен. 

Влеговме заедно со де ла Роса во гаражата и видовме зелен болид. Си рековме ова е исто како Јагуар во 2002 година, Но ова е целосно различен проект – откри нандо.

Алонсо беше тест возач на Рено, но беше повикан од тогашниот шеф на Јагуар Ф1, Ники Лауда, да тестира за тимот во 2002 година. Тогаш за екипата возеа Еди Ирвајн и Педро де ла Роса кои освоија само осум поени пред да се промовира втората спецификација на болидот. 

Ова утро кога дојдов со Фернандо видовме зелен болид што не потсети на деновите во Јагуар. Веднаш го ставија Фернандо во болидот. Се потсетивме заедно на истото сценарио – потврди неговиот сонародник де ла роса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ