Ди Монтеѕемоло се подготвува да ја превземе ФИА ?

Поранешниот Претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло е поврзуван со челното место во Меѓународната Автомобилистичка Федерација (ФИА), функција која во моментов ја извршува Жан Тод, поранешен шеф на Ферари.

Французинот ги отслужи малсималните три четиригодишни мандати, остна Претседател 12 години, но следната година ќе мора да се повлече од функцијата.

Италијански Autosprint верува дека ди Монтеѕемоло е сериозен кандидат затоа што добро ја познава Формула 1, а “во игра“ се и Дејвид Ричардс, британецот кој е претседател на Продрајв и на британскиот моторспорт, потоа шефот на Формула Е, Алехандро Агаг како и Потпретседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем.

Во 2014 година Лука се повлече од челното место во Скудерија поради се поголеми тензии помеѓу него и неговиот наследник, сега веќе починатиот Серџо Маркионе, но се верува дека има поддршка од Берни Еклстон за функцијата во ФИА. Италијанецот има 72 години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ