Дококу му понуделе, Гросжан немало да се врати во Хаас

Французинот Роман Гросжан изјави дека нема да прифател да се врати во Хаас доколку американската екипа му го понудела тоа. 

Поради руската инвазија во Украина, Хаас ги прекина врските со Уралкали и рускиот возач Никита Мазепин. Тие решија да го повикаат поранешниот нивен возач, Кевин Магнусен, како замена и данецот го прифати предизвикот. 

Стаинер објави дека тимот го контактирал само Магнусен, а Гросжан призна дека немало да го прифати местото во тимот доколку му било понудено. 

Не би прифатил да се вратам затоа што сум Среќен сум во америка и во Индикар. Возбуден сум секој викенд бидејќи имам шанса за победа. Имав извонредна кариера и многу трки зад мене, Но сега имам ново поглавје каде победувам и имам шанса за титула – посочи гросжан.

Французинот е среќен што неговиот колега се вратил во спортот. 

ТОа е одлично и среќен сум за Кевин. Тој е одличен човек и мислам дека имаме различно гледање на тркањето. Неколку пати имавме контакт на патеката бидејќи размислувавме различно и подоцна ги средувавме односите.

Хаас е во лоша ситуација и мораше да донесе такви одлуки со русите. Верувам дека Мазепин носеше многу пари во тимот. 

Гросжан верува дека од враќањето на Магнусен корист ќе имаат Хаас и Мик Шумахер. 

МИслам дека Мик Шумахер ќе добие доста од поискусниот колега кој е доста брз. Кевин секогаш може да го вози болидот без некои посебни барања и Затоа е добар. Тој се справува со болидот, се надевам дека Хаас ќе му дадат конкурентен пакет. Загрижен сум доколку не се конкурентни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ