Доктор Марко наскоро ќе почне преговори со Хонда

Откако Ред Бул го обезбеди Макс Верстапен до крајот на 2023 година, следниот чекор за доктор Хелмут Марко е продолжување на соработката со јапонска Хонда и во иднина.

Во моментов јапонскиот производител и тимот од Милтон Кинс имаат договор до крајот на следната година, но со новиот договор за холанскиот возач, се поизвесно е останувањето на Хонда.

хонда позитивно гледаат на новиот договор на верстапен. макс е многу важен за нив, ја сакаат неговата отвореност и неговиот агресивен стил на возење – откри марко за германски Auto Motor und Sport.

Наскоро доктор Марко планира да биде често во Јапонија, поточно во Сакура, каде треба да договори продолжување на соработката со производителот.

наскоро почнуваме преговори со хонда и нетрпелив сум да закажам состанок и да одлетам во јапонија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ