Доменикали: Историјата нема да ја спаси Монца

Од Монца не може да прават претпоставки дека секогаш ќе бидат домаќини на Италијанското Гранд При.

Тоа е предупредувањето на италијанецот, поранешен шеф на Ферари, Стефано Доменикали, кој сега е Главен извршен директор на Формула 1. Монца моментално се подготвува да ја прослави својата 100-годишнина со Итлаијанското Гранд При следниот викенд, но Доменикали предупреди дека тоа би можело да биде едно од последните на легендарната патека.

Формула 1 сега е забава каде и да одиме, има редица од локации за да бидат домаќин на Гранд При трка.

Историјата повеќе не е доволна за ова и организација како Монца ќе мора да ја подигне границата за да остане во светското првенство – инсистира Доменикали.

Неодамна, исто толку легендарната патека Спа-Франкошамп, го продолжи договорот за само уште една година по сличните повторени предупредувања од Доменикали. Италијанецот во саботата изјави:

Нема да надминеме 24 трки во светскиот шампионат.

Монца е дел од историјата на Формула 1, но тоа не значи дека секогаш ќе биде дел од неа. На патеката и се потребни инвестиции, бидејќи Формула 1 сега е поинакво искуство.

Конкурентниот притисок за да се одржи трка значи дека секој треба да го подигне своето ниво.

Анџело Стичи Дамијни, шеф на италијанскиот автомобилски клуб, рече дека е подготвен да го послуша предупредувањето на Доменикали.

Доменикали работи исклучителна работа и не би сакал да го разочарам со тоа што не го правиме она што е потребно, што верувам дека е правилно.

За тоа ни треба сечија помош за јасни правила и за одржување на утврдените временски рамки, во спротивно трката е загрозена – призна тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ