Доменикали: Ф1 никогаш нема да се врати во Русија

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, посочи дека спортот никогаш нема да се врати во Русија.

Годишната трка во Сочи беше отстранета по инвазијата на Русија над Украина од Февруари, а договорот на организаторите беше еднострано раскинат со воведувањето на санкции на се што е руско.

јас верувам дека никогаш не треба да се каже никогаш, но во овој случај, јас можам да потврдам дека не преговараме со нив на никој начин. нема да има повеќе тркање во русија – изјави доменикали за италијанскиот Sport Bild.

Запрашан да ја коментира позицијата на Доменикали, главниот промотер на Руското Гранд При, Алексеј Титов, за новинската агенција Taas изјави:

моменталната ситуација во спортот насекаде низ светот е многу политизирана и неопходно е да се анализира изјавата на доменикали и да се земе тоа во предвид. она што го кажа е чиста политика и нема врска со реалниот спортски дух,

иднината на нашата соработка со формула 1 во моментов е нејасна, а ќе је земеме во предвид позицијата на доменикали и ќе работиме да се поправи.

Титов посочи и дека Формула 1 сеуште ги нема вратено парите на Росгонки за овогодинешниот настан кој еднострано го откажаа.

долгот од нив кон нас постои и позицијата е непроменета. очекуваме да ни се вратат парите без оглед на позицијата на фом во однос на одржување на трки во русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ