Доменикали: Без проблем ќе најдеме замена за Сочи

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека флексибилноста на спортот е таква што можат многу брзо да најдат замена за трката во Русија. 

Во петокот беше соопштено дека оваа сезона нема да се вози Руското Гранд При во Сочи поради инвазијата на Русија над Украина. Со ова, бројот на трките оваа сезона се намали на 22, но сепак Доменикали е сигурен дека ќе најдат замена за трката. 

Поради ситуацијата со Русија, можам да потврдам дека во последните неколку години бевме доста флексибилни околу промените. Сигурно ќе најдеме замена – смета стефано.

За чудо, промотерот на трката, компанијата Росгонки, даде своја изјава по најавата на Формула 1 тврдејќи дека сепак трката ќе се одржи според планот. 

Договорот помеѓу промотерот и Формула 1 е суспендиран поради несакани настани. Купените карти не се откажани и нема потреба од враќање на средствата бидејќи е можно трката да се одржи. 

Доменикали потенцираше дека има многу промотери што сакаат да одржат трка. 

Успехот на Формула 1 ни дава можност да организираме нови трки. Има доста патеки кои ги разгледуваме и имаме избор на стратешки пазари. Календарот може да се зголеми до 25 трки според договорот, Но сега имаме 23 што е најмногу до сега во историјата. Мора да донесеме правилни одлуки. 

Првичните шпекулации велат дека поради географската близина, Турција веројатно ќе го заземе местото на Русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ