Дорнбос: Строл се посрамоти на Имола

Роберт Дорнбос, поранешниот Формула 1 возач од Холандија, смета дека Ленс Строл со тоа што не запре навреме и го дигна во воздух механичарот кој го поткрева предниот дел од болидот бил најсрамен момент на трката во Имола.

Младиот канаѓанец од Рејсинг Поинт имаше инцидент уште во првиот круг со Естебан Окон кој го чинеше оштетено предно крило и промена во боксот уште по крајот на првиот круг, а при следната промена следуваше инцидент со механичарот.

Ленс се вадеше дека тоа се случило за време на безбедносното возило кога гумите и сопирачките на неговиот Рејсинг Поинт биле премногу ладни.

ленс строл го искрши предното крило во првиот круг и поради тоа беше последен, а потоа при влезот во боксот го удри својот механичар и го преврте. тоа е најсрамното нешто што може да му се случи на еден возач.

ако се борите за поени, разбирам дека адреналинот е силен и може да го промашите кочењето за 10 сантиметри, но не може да промашите за 1,5 метри – изјави дорнбос за холандски Ziggo Sport.

За среќа, механичарот не беше повреден, а Ленс финишираше на 13то место како последен што значи дека од Италијанското Гранд При на Монца нема освоено поени. На истата трка, Серхио Перез беше 6ти и ја продолжи низата од 8 трки во поени.

на крајот на денот морате да покажете перформанси. рејсинг поинт имаат одличен болид, перез покажа со 4то место на портимао и потоа топ 6 финишот на имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ