Другович не верувал во симулаторот на Астон

Фелипе Другович кој е резервен и тест возач во симулатор на Астон Мартин, сметал дека перформансите на блидот во симулаторот биле погрешни за оваа сезона. 

Тој започна да работи со тимот во Септември откако ја освои Формула 2 титулата. Откако го пробал болидот во симулаторот на тимот, тој не верувал во брзината фактот што болидот е втор најбрз на гридот по Ред Бул. 

Возев во симулаторот од минатиот септември и видов дека е болидот побрз, Но не верував дека толку ќе биде подобар од претходниот и дека ќе биде неколку секунди побрз во Бахреин – откри бразилецот.

Астон Мартин е тимот кој најмногу напредуваше на гридот и освои повеќе поени за три трки отколку цела претходна година. Другович требаше да го замени Строл на првите трки кога младиот канаѓенц се повреди, но сепак тоа не се случи затоа што Ленс експресно се опорави. 

Добро е што видовме дека тимот се потрудил и не бев изненаден од напредокот. Знаев дека ќе напредуваме но ова беше изненадувачки и одлично е да се види тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ