Другович ќе тестира за Астон наместо Строл

Младиот актуелен Формула 2 првак, бразилецот Фелипе Другович, ќе учествува на предсезонскиот тест во Бахреин возејќи за Астон Мартин.

Другович ќе го одработи првиот ден за тимот откако Ленс Строл имаше несреќа со својот велосипед додека се подготвувал во Шпанија и тимот потврди дека повредите не му дозволуваат да тестира неделава. Сепак, иако екипата се надева, не може со сигурност да се потврди дека возачот ќе биде подготвен да вози на почетокот на сезоната во Март, така што се подготвуваат за замена.

Со три денови тестирање, Другович ќе вози во Четврдок наутро, а потоа ќе го предаде болидот на Фернандо Алонсо попладнето. Плановите за останатите два денови сеуште не се потврдени од тимот.

Фелипе стана резервист на Астон за оваа тркачка сезона откако стана Формула 2 првак лани. Бразилецот дебитираше на петочна тренинг сесија на крајот на сезоната во Абу Даби лани и возеше за тимот на постсезонскиот тест на истиот автодром

Доколку Строл не успее навреме да се опорави, судејќи по тестот, Другович е фаворит да го замени иако тимот го има и Стофел Вандорн под договор, но викендот за Бахреинското Гранд При белгиецот вози Формула Е трка во Кејп Таун во Јужна Африка.

Астон имаа проблеми и на почетокот од минатата сезона кога Себастијан Фетел поради корона вирусот не можеше да вози и на првите две трки го замени Нико Хулкеберг, кој се вдоми во Хаас за сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ