Еден од сопствениците на Мерцедес заинтересиран за Манчестер Јунајтед

Милијардерот и сопственик на хемискиот гигант Инеос, Сер Џим Ратлиф, е заинтересиран да го купи фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

Ратклиф веќе е сопственик на францусиот фудбалски клуб Ница како и швајцарскиот Лозана Спорт, а преку својата компанија Инеос поседува 33% од Формула 1 тимот на Мерцедес, другите две третини се на Даимлер и Тото Волф. Оваа година тој даде своја понуда и за купување на фудбалскиот клуб Челзи кога поранешниот сопственик Роман Абрамович беше принуден да го продае својот милен по санкциите врз руските олигарси. Но, таа негова понуда не беше прифатена затоа што дошла предоцна.

По катастрофалниот почеток на легендарните “црвени ѓаволи“ оваа фудбалска сезона, се појавија многу шпекулации за промена на нивната сопственост откако по две кола немаат бод и се последни на табелата.

Во моментов екипата е сопстеност на американското семејство Глејзер кои го купија кубот во 2005 година правејќи огромен долг за истото во зделка која се проценуваше на 1 милијарда долари.

ако клубот е на продажба, џим дефинитивно е потенцијален кандидат да го купи. ако нешто такво е можно, ние дефинитивно сме заинетресирани долгорочно да раководиме со клубот – изјави портпаролот на ратклиф.

Моменталната вредност на клубот се проценува на над 2 милијарди долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ