ОФИЦИЈАЛНО: Нестор Џиролами замена за Давидовски во Франција

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Викендов во Франција на патеката Пол Рикар и официјално започнува новата сезона на ТЦР Европа првенството во кое учествува и нашиот Виктор Давидовски со тимот на PSS Racing.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Но и покрај сите дипломатски напори, поради рестриктивните КОВИД-19 мерки кон граѓани на држави што не се членки на EУ, Давидовски не успеа да добие специјална дозвола за влез во Франција и да биде дел од првата реална трка што ќе се одржи во Ле Кастелет, од 21 до 23 Август.

Во меѓувреме, тимот и Виктор ги направија сите напори нивната Хонда да го завземе своето учество во трката. Со неверојатна поддршка од JAS Motorsport, Honda Racing WTCR, TCR Europe и пред сѐ нивниот пријател и тренер возач, Нестор Бебу Џиролами, во последен миг успеале да го најдат најневеројатното решение во ситуација која изгледаше безнадежна и воланот на нивната Хонда, овој викенд на Пол Рикар ќе го управува никој друг, туку самиот Џиролами. Светски познат возач ќе вози за македонски тим во најголемиот европски шампионат ТЦР Европа.

Трките може да ги следите во живо преку Facebook профилот на PSS Racing Team или преку YouTube каналот на ТЦР Европа серијата. Првата трка е во Сабота, 22 Август во 12:50ч; втората трка е во Недела, 23 Август, во 12:15ч.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ