ТЦР Европа, Франција: Џиролами и македонскиот PSS Racing најбрзи на тренингот

Откако Виктор Давидовски не доби дозвола од француската влада да отпатува во Франција за првата трка од ТЦР Европа првенството викендов на Пол Рикар, тимот на PSS Racing успеа да најде замена во возачот со светско реноме, Нестор Џиролами.

Со одлично подготвената Хонда од македонската екипа, Џиролами се пласираше на трето место во првата тренинг сесија, позади Андреас Бекман и Даниел Наџи.

Успешниот почеток на викендот за нашиот тим продолжи и на втората тренинг сесија, во која Џиролами, возач од светска класа и неверојатно возење се пласираше на првата позиција со време од 2:13.332, пред Теди Кларе и Мајк Халдер.

Трките може да ги следите во живо преку Facebook профилот на PSS Racing Team или преку YouTube каналот на ТЦР Европа серијата. Првата трка е во Сабота, 22 Август во 12:50ч; втората трка е во Недела, 23 Август, во 12:15ч.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ