Давидовски со фантастичен старт по првите трки во Португалија

Сезоната во ТЦР Европа започна со трката во Португалија, а со тоа и нова сезона за нашиот претставник Виктор Давидовски за тимот на Comtoyou Racing.

Давидовски имаше одличен почеток во овогодинешното првенство, освојувајќи 37 поени по двете трки на патеката Алгарве.

Поените го позиционира Виктор Давидовски на 7то место во генералниот пласман по првиот натпреварувачки викенд. Екипата на Comtoyou Racing освои вкупно 122 бодови од сите свои возачи и се наоѓа на лидерската позиција во екипни пласмани.

Следните две трки од првенството се закажани за 13 Мај на патеката Пау де Вил во Франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ