ЕСПН со рекорд за Австрија

Преносот во живо од Големата награда на Австрија на американски ESPN2 на последниот ден од минатиот месец бил рекорден за тој настан во Америка откако Формула 1 се врати во земјата во 1997 година.

Просекот годинава изнесуваѓе 640 илјади гледачи што е 48% повеќе од ланскиот пренос кој го гледале просечно 431 илјади гледачи. Ланската бројка е повторно поголема од онаа во 2017 година кога преносот на CNBC го гледаа просечно 330 илјади гледачи. Во втората сезона од враќањето на Формула 1 преносите на ESPN, ова беше 7ма трка од овогодишниот календар во која американците бележат рекорд за соодветниот настан.

На првите 9 трки од првенството, просекот на ESPN е 684 илјади гледачи што е зголемување од ланскиот просек од 567 илјади гледачи, а преклани просекот беше 579 илјади гледачи.

Преносот на трката во Америка започнал во 9.05 утрото, а најголема публика од 776 илјади гледачи имало помеѓу 10.30 и 10.45, моментите кога Верстапен јуришаше во потера по Верстапен и својата победа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ