Зандворт преживеа уште еден напад од екологистите

Патеката домаќин на Холандското Гранд При преживеа уште еден напад за одземање на дозволата за работа откако локалните еколошки здруженија за заштита на животната средина побарале од Државниот совет да ја повлече колошката дозвола на автодромот.

Доколку тоа се случеше, одржување на трката закажана за Септември ќе беше невозможно.

Во Април, Судот во Харлем ги отфрли обвинувањата на еколошките организации кои тврдеа дека пресметките за емисијата на азот во воздухот се неточни. Државниот совет последно пресече во корист на патеката и ги зема во предвид финансиските и економските користи кои ги носи Формула 1 настанот. Советот наведе дека патеката направила значителни подобрувања на околината иако треба да се направат и дополнителни истражувања на емисиите.

задоволни сме со препораките на државниот совет кој признава дека сите вклучени страни одработиле согласно законите и договорот. тоа покажува дека еколошката дозвола остнаува активна и дека патеката ќе работи, а дополнително, не правиме зголемување на азотни материи во околината. извештајот е одличен, мотивирачки и одржлив – изјави роберт ван овердијк, шефот на зандворт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ