Зандворт ќе кријат податоци од екипите

Шефовите на патеката во Зандворт нема да им ги даваат сите податоци на екипите со цел да ги спречат да бидат максимално подготвени за враќањето на Холандското Гранд При на Формула 1 календарот.

Екипите темелно се подготвуваат пред почетокот на сезонат, се прават небројани компјутерски симулации со цел да се усоврши сетрирањето уште пред да дојдат на патката каде се вози. Со цел да се направи трката поинтересна, претставниците од италијанската компанија Дромо која работи на реновирањето и редизајнирањето на патеката, ќе ги ограничат податоците кои ќе им ги дадат на екипите.

јарно зафели (шефот на дромо) има голема количина детални податоци направени од симулациите на компанијата. модерните формула 1 екипи работат темелно и ако им ги дадеме сите податоци веднаш ќе почнат со своите симулации и потраго по совршенство, а тоа не сакаме да се случи.

тоа што ќе им го дадеме е силно ограничено, сакаме возачите да излезат на патеката во петок и да возат за да најдат најдобар сетап. можеби е старомодно, но сигурен сум дека викендот ќе биде непредвидлив – откри јан ламерс, шефот на патеката.

НЕдостатокот на информации сигурно дека ќе “удри“ по екипите, но секако и дека ќе ги отежне работите и за возачите.

ќе биде голем предизвик за возачите. јарно не сака тие да имаат премногу информации пред трката за да не може да се подготват со долги симулации во фабриките. тој сака екипите да дознаваат многу работи во петок, а веројатно тоа ќе донесе неизвесност.

Тоа што нема да имаат многу информации ќе значи повеќе возење во Петок и повеќе забава за гледачите кои вообичаено на првиот ден од тркачкиот викенд не се толку бројни.

вообичаено екипите се претпазливи во петок за да штедат гуми за остатокот од викендов. мислам дека возачите ќе комплетираат многу повеќе кеурови за да се подготват подобро поради фактот што за нив ќе биде целосно нова патека.

сите ќе излезат на патеката рано за време на првата петочна сесија и ќе сакаат да го искористат петок за да соберат информации за најдобар можен сетап во сабота и недела.

Во врска со последната кривина која е поставена под агол, Ламерс најави дека истата ќе изгледа уште подобро одошто замислувале.

кривината лујденвик ќе биде многу поспектакуларна одошто очекувавме затоа што истата е на 2 метри повисоко од остатокот од патеката. возачите ќе возат по удолница кога излегуваат на стартнот правец, а висинските разлики ќе биде одлични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ