За О’Вард, суперлиценците за влез во Ф1 се смешни

Мексиканецот Пато О’Вард откри дека е целосно фокусиран на Индикар титулата и не разбира зошто му се потребни поени на суперлиценцата за да стане реалност негово место во Формула 1.

О’Вард, кој стигна до две Индикар победи лани, заврши на 3то место во тој шампионат и како награда доби тест со Мекларен Мерцедес Ф1 болидот во Абу Даби на крајот од минатата сезона. 22-годишникот е долгогодишен обожавател на тркачката серија, но сеуште не знае како ќе дојде до потребните поени за влез во серијата.

одлично прашање е како ќе стигнам до тие поени, затоа што не знам. тоа е смешно, да бидеш на 4то и на 3то место во индикар шампионатот и повторно не може да стигнете до суперлиценца. сигурен сум дека голем број на возачи се сложуаат со мене.

од она што јас го разбирам, 4то место во индикар ви носи 10 поени, трето ви носи дополнителни 20 поени, така што јас веројатно сум на 30 поени на мојата суперлиценца. не сум размислувал многу за тоа. ако не сакаат да ми дадат поени тоа е нивни проблем, но сметам дека имам уште една година за дополнителни 10 поени – посочи о’вард.

Запрашан дали Формула 1 е негова цел, мексиканецот одговори:

секако дека е, мојот сон е да бидам тркачки возач и би лажел ако кажам дека формула 1 не ми е цел.

во моментов имам еден фокус, а тоа е индикар каде сакам да освојам титула. сакам да победам и на инди 500, тоа е целта за оваа сезона.

кој да знае дали формула 1 ќе продолжи да биде опција, но ако стане можност, јас ќе бидам целосно подготвен како што би бил и секој друг во моја позиција затоа што тоа е врвот. пораснав гледајќи формула 1 и сонував за таа серија, тоа е детски сон кој никогаш не исченува.

во моментов, како што реков, имам предизвик во америка и сакам луѓето кои работат во индикар со мене да уживаат, а јас сакам да видам што индикар може да понуди. има многу ул работи во америка.

Осврнувајќи се на својот Формула 1 тест, тој посочи.

човече беше навистина кул. тие болиди буквално се дизајнирани и направени да возат колу што може побрзо согласно правилата, но пеколно се брзи. ланскиот болид кој јас го возев беше најбрза формула 1 спецификација и тоа беше многу добро, смешно брзо и лудо чувство додека возите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ