За промена, Рикардо одлично се чувствува на Сочи

Даниел Рикардо смета дека сеушет е премногу рано да зборува за шансите на Рено за подиум на Руското Гранд При и покрај тоа што се чувствувал одлично во болидо на Сочи.

На двете петочни сесии тој завршуваше како најбрз од останатите веднаш зад болидите на доминантниот Мерцедес. Времето на австралијанецот беше побрзо од она на возачите на Мекларен, а зад себе го остави и Макс Версапен на Ред Бул, кој најави дека ќе биде тешко да се победи Рено на квалификации.

веројатно денеска е прва пат вака да “ми легне“ патеката. се чувствувам добро уште од првата серија утрото и остана така цел ден. среќен сум и задоволен од толку добар петок – изјави рикардо.

Рикардо завршува на 4то место два пати последните три трки, а пропушти подиум во Спа и во Муџело, нешто што со нетрпение се чека поради неговиот облог со шефот Сирил Абитбул.

ако одработиме добри квалификации ќе имам многу голема самодоверба и подиумот ќе биде достижен. останатите од средината се на некои две десетинки од нас и сметам дека ќе биде борба викендов. ќе биде блиску и ако успееме да си ја сочуваме предноста која ја имаме во пток ќе биде супер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ