Зек Браун задоволен: Финансиските проблеми се решени

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, откри дека финансиските проблеми со кои се соочуваше Мекларен Груп се решени.

Компанијата поднесе случај пред Врховниот суд во Лондон со цел да им се одобри заложување на фабриката и колекцијата на автомобили за да се задолжат за кредит поради проблеми со готовинскиот тек. Недоразбирањата кои требаше да ги реши судот се појавија поради фактот што во 2017 година компанијата издаде обврзница од 600 милиони евра за која гарантира со сиот имот со кој распоалга.

Запрашан да го коментира развојот на настаните од страна на Auto Motor und Sport, Браун одговори:

проблемите се решени, а следните неколку денови ќе читате позитивни вести за нас.

ќе имаме голема корист од ограничувањето на буџетите во однос на плановите за нашата програма. со силен возачки тандем, сето тоа ќе не стави на победнички пат во иднина.

Медиумите пренесоа дека финансиските проблеми биле толку големи што компанијата престанала со набавка на новиот симулатор и новиот воздушен тунел кои биле планирани.

со избивањето на пандемијата, голем дел од нашата програма беше запрена, а акционерите сакаа да го видат развојот на настаните пред да се реши како понатаму.

со решени финансиски проблеми, повторно ќе можеме да ги почнеме сите проекти. прептазливи сме сеуште поради фактот што не знаеме колку трки ќе има оваа сезона, а сигурно дека заработкат која ќе се дели ќе биде помала. секако дека постои и ризик од втор бран зараза.

но, ние сме назад на работа, а за пет години мекларен рејсинг ќе вреди мнногу повеќе пари од денеска – заклучи зек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ