Зек Браун: Некој “ќе погоди“ во 2021, некој нема

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, откри дека е многу важно за неговата екипа да ги финализира колку што може побрзо подготовките за промена на доставувачот на мотори за 2021 година, откако во текот на годинава решија да се префрлат од Рено на Мерцедес.

Трофејната екипа од Вокинг имаше катастрофални три години со моторите на Хонда по што дојде до раскин на договорот за соработка, така што последните две години возат со француски агрегати од Рено. Но, следната сезона повторно ќе променат и ќе го користат шампионскиот Мерцедес, доставувачот на мотори со кој имаа огромен успех на крајот на минатата деценија.

Во 2021 година ќе има и голема промена на правилата во спортот и како и секогаш, ќе постои екипа која тоа ќе го искористи и ќе доминира, слично на Мерцедес во 2014 година. Поради тоа, Браун смета дека е важно да се подготват колку што можат подобро за новите мотори.

сите ќе бидеме во “иста каша“ во однос на правилата од 2021 година и тоа ќе биде голем предизвик за сите затоа што почнуваме “од нула“. Сепак, сметам дека ние сме подготвени за тој предизвик.

една од причините поради која толку рано решивме да промениме доставувач на мотори е да си дадеме време. 2021 година ќе биде вобудлива сезона за фановите затоа што при таква голема промена, некој ќе погоди, а некој не.

трендот е конвергенција со тек на време, но возбудата за таа година е голема, иако сме возбудени и за следната сезона – најави браун.

Сезонава Мекларен ја завршија како најдобри од останатите на 4то место, најдобра година од 2012, а нивниот Карлос Саинз со 3то место во Бразил за прв пат бее на подиум по 2014 година.

сезонава е огромно достигување за нас ако се земе во предвид каде бевме последните неколку години. екипата заврши одлична работа како во фабриката така и на патеката и сите придонесоа.

рено одигра голема улога во враќање на нашата конкурентност и беа фантастичен партнер.

возачите исто така си ја завршија работата на трките и собирањето поени така што секако беше одлично да се тркаме годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ