Исола одговори на критиките на Фетел

Шефот на Пирели моторспорт, италијанецот Марио Исола, му одговори на критиките на Себастијан Фетел по трката во Монако. 

Во Монте Карло, поради дождот се возеше со гуми за мокро пред да се промени на интермедиа. Четирикратниот шампион Фетел изјави дека гумите биле тотално бескорисни. 

Кога променивме на интермедиа имаше смисла. Гумите за дожд се претврди за оваа патека, исто и за Имола. Имаше доста аквапланинг.

Пирели не работи на оваа тема со години и сите го знаат тоа. Мора да престане да врне за да ја стартуваме трката. Гумите за дожд се бескорисни – незадоволен беше себ.

Но, Марио Исола не се согласува со Фетел и изјави дека сите гуми се слично тврди. 

сината компонентата за целосно мокра патека е различна од интермедиа, но не е потврда. Тестот покажа дека имаат слични карактеристики.

Мислам дека беше до патеката и затоа така различно се однесуваа. Сме ги тестирале гумите за дожд во поладни услови. Се зависи до асфалтот што е различен на патека и на улична трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ