5 работи што треба да ги знаете за промената во квалификациите во Унгарија

Користењето на алтернативната распределба на пневматиците за време на квалификациите ќе се одржи за прв пат во Унгарија.

Возачите на Формула 1 ќе имаат на располагање помалку комплети гуми од вообичаено за време на викендот во Унгарија, како дел од тестот за одржливост на Пирели.

Производителот на гуми сака да го намали количеството отпад што го произведува во текот на еден тркачки викенд, а еден од методите е да носи помалку сетови гуми во секоја рунда.

Иако првично требаше да се одржи на трката за Големата Награда на Емилија Ромања пред да биде откажана поради масовни поплави, алтернативната распределба на пневматиците ќе има значително влијание врз тоа како возачите пристапуваат кон квалификациите.

1. Помалку гуми достапни за тимовите

Според правилата за алтернативна распределба на гуми, возачите ќе добијат само 11 комплети наместо вообичаените 13 сета.

Ова значи само три комплети хард гума, четири сета медиум и четири сета софт гуми.

Еден сет мора да се врати по Т1 и Т2, а потоа уште два по Т3, додека возачите да мора да задржат сет на хард и медиум за трката во Недела.

2. Возачите немаат слободен избор на гуми за квалификациите

Вообичаено, возачите можат да изберат која било од трите суви соединенија за секој дел од квалификациите, а сега тие ќе бидат ограничени со прописите која компонента може да ја користат за време на К1, К2 и К3.

За првиот дел, возачите мора да ја користат хард гумата, медиум за вториот дел, потоа софт за престрелката за топ 10.

Пирели викендов ги донесе најмеките соединенија во својата палета на гуми: С3, C4 и C5. Ова е промена од минатата година каде што беше користена средната класа C2, C3 и C4.

Џозеф Мекмилан, сениор инженер за стратегии за трки во Мерцедес, рече:

Тоа дефинитивно ќе придонесе за предизвикот. Кога станува збор за квалификациите, обично сме фокусирани на тоа како да го извлечеме најдоброто од софт гумата во еден круг.

Тоа вклучува проценка на оптималната подготовка на пневматиците, како изгледа најдобриот профил во кругот, меѓу другото. Сега мора да размислиме за тоа за три различни соединенија.

3. Повеќе опции за стратегија во трка

Со повеќе комплети на медиум и хард на располагање отколку на другите трки, ова ќе има значително влијание врз стратегијата на трката.

Веројатно е дека тимовите ќе гравитираат кон  медиум и хард соединение како главна тркачка гума, додека софт ќе биде повеќе за темпо во еден круг.

Нормално, мора да се посветиме на тоа дали сакаме втора хард гума, втора медиум или софт гума. На неколку трки оваа година, решивме да заштедиме втор сет на нови хард гуми за трката – рече Мекмилан.

Иако ова не стапува во игра на стратешки план, тоа е главна одлука што мора да ја донесат сите тимови. Ова најверојатно нема да биде случај во Будимпешта, а после квалификациите, ќе имаме можност да ја избереме нашата стратегија без некои од оние ограничувања што вообичаено ги имаме.

4. Влијание над неутралноста од јаглеродот

Главната причина зад пробата на Пирели е да се види колкаво влијание ќе има на трките ако го намалат количеството гуми што ги користат тимовите на секое Гранд При.

Шемата веројатно би заштедила два комплети гуми по болид, за викенд, кои би биле вкупно 46 сетови во текот на целата сезона.

Со грид составен од 20 болиди, тоа би значело дека 920 гуми нема да мора да се произведат или испорачаат низ целиот свет.

Ова би помогнало во амбициите на Пирели да го подобри статусот на јаглеродна неутралност ширум светот.

5. Целосниот ефект допрва треба да се утврди

Иако не се предвидува дожд за трката во Унгарија, не се исклучуваат грмотевици во областа.

Доколку тоа се случи, возачите сè уште ќе можат да ја користат интермедиа и целосната распределба на пневматиците за влажно. Тие во моментов се достапни преку четири комплети на интермедиа и три сета на влажни гуми.

Но, ако тоа се случи за време на квалификациите, нема да ги видиме ефектите од извршувањето на задолжителни соединенија во секој дел од сесијата.

Форматот повторно ќе се тестира оваа сезона на Италијанското ГП во Септември, кога би можело да ја видиме поголемата слика за овој нов формат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ