Илот не е желба на Хаас за догодина

Калум Илот во моментов не е на листата на желби на американски Хаас за возач за следната година и покрај тоа што младиот британец ќе добие можност за петочна тренинг сесија со тимот на Нирбургринг.

Формула 2 пилотот ќе дебитира во тековен Формула 1 болид викендов на Ајфелското Гранд При и ќе го вози болидот на Роман Гросжан во првите 90 минути од тркачкиот викенд. Ова ќе биде само продолжување на развојот на младиот возач откако минатата недела, заедно со Мик Шумахер и Роберт Шварцман, имаа тест со две години стар болид на Фиорано.

Сепак, Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, откри дека Илот не е на неговата листа од 10 возачи од кои ќе избира тандем за во иднина.

тој не е на нашата листа затоа што е возач на ферари, само поради тоа. не знам што им е планот да прават со него, за каде е предвиден и во моментов не можеме да преговараме со него.

имам огромна почит за него затоа што во моментов е втор во формула 2 поредокот што значи многу. го сретнав утрово на кратко, а попладне ќе имаме состанок каде сакам повеќе да го запознаам.

искрен сум и не размислувам за него во моментов, можеби летоска, не сум сигурен, но многу ќе зависи и од тоа како ќе се покаже утре. секако дека ако прави работи што не ги бараме од него, нема сериозно да го сфатиме и секако дека ако го искрши болидот нема да ни биде сеедно – појасни стаинер.

Илот нема да биде единствениот дебитант на викендот во Нирбургринг затоа што уште еден јуниор на Ферари, Мик Шумахер, ќе вози 90 минути за Алфа Ромео. Скудерија има право на еден возач во Алфа Ромео, а последните две години тоа место му се доверува на Антонио Џовинаци.

Хаас сеуште нема потврдено возач за догодина, во игра се актуелните Гросжан и Магнусен, но и искусните Нико Хулкенберг и Серхио Перез.

мојот коментар во врска со возачите е дека се ближиме до конечна одлука, бавно но темелно анализираме. не е лесна задача и лесна одлука, но ќе пресечеме и ќе ја донесеме.

не сакам да откривам ништо повеќе околу број на возачи и имиња затоа што не сакам да не почитуваме некого. зборуваме за нешто на што засилено работиме веќе неколку месеци.

штом ќе имаме конкретна информација ќе ја откриеме и се надевам дека не сме многу далеку и нема да избрзуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ