Илот повикан како резерва на Алфа Ромео

Калум Илот е повикан како резерва на Алфа Ромео во Мајами поради тоа што Роберт Кубица ќе вози на Спа на ВЕЦ трка и не може да биде присуте во САД.

Илот вози во Индикар како дел од тимот Јункос Холинџер Рејсинг. Тој се менува со Кубица како резерва во Алфа Ромео и веќе беше дел од нивните тренинзи во Португалија и Австрија. Тој веќе нема врска со Ферари и е независно поврзан во Алфа. 

Калум е дел од тимот и со нас е од минатата година. Тој совршено го знае тимот. Болидот не го знае, но го знае тимот. Блиски сме и тој вршеше добра работа за нас. Тој е тука, си има свои обврски и не го вознемируваме. Ќе видиме во иднина дали е подобро да одиме со Калум доколку Роберт не е достапен. Немаме договор. но тој е дел од семејството. 

Илот е задоволен од дадената шанса да работи со тимот во Мајами. 

Ми се допаѓа што ми се отвори вратата. Ми се јавија пред две недели и добро е што сум тука. Последен пат го возев болидот на почетокот на развојот. Многу системи се слични како и претходно, но основата е различна. Добро е што сум тука по подолг период. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ