Имола блиску до петгодишен договор со Ф1

Автодромот Енцо и Дино Ферари, односно Имола, е многу блиску до потпишување на долгогодишен договор за останување во Формула 1 календарот.

Оваа и претходната година, патеката која порано ја организираше Големата награда на Сан Марино, организира Гранд При тркачки викенд, но како замена за некоја друга патека која се откажува поради пандемијата. Поради тоа италијански Automoto пренесува дека автодромот ќе биде награден со петгодишен договор за организација.

во имола работеа многу добро во овој период на пандемија. дискутиравме и работевме на проценка на можноста со претседателот на регионот емилија ромања, стефано боначини и најдовме голем ентузијазам и желба да се инвестира – изјави анџело стичи дамиани, претседател на аци, италијанскиот автомобилски клуб.

Весникот пренесува дека неодамна двајцата се сретнале со првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.

не ветувам договор, но би било фантастично за италија, лани имавме три трки таму, монца  останува, а доста реално и убаво би било и имола да си најде место – дополни стичи дамиани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ