Имола најсериозен кандидат да го замени Виетнам

Легендарниот автодром Енцо и Дино Ферари, односно Имола во Сан Марино, е најсериозен кандидат да го пополни несигурното место на Виетнамското Гранд При следната тркачка сезона.

Спортот веќе го објави календарот составен од 23 трки за следната сезона, но Големата награда на Виетнам која требаше да биде градска трка низ улиците на Ханои, е ставена пода знак прашалник поради неповолната политичка ситуација и опозицијата на трката.

Имола во меѓувреме станала најсериозен кандидат за трка откако оваа година италијанците организираа Гранд При наста, прв пат по 2006 година. Патеката има вкупно 28 Формула 1 трки, од кои 26 се возеле како Гранд При на Сан Марино, а овогодишното Гранд При се возеше како Голема награда на Емилија Ромања.

Кандидат крај Имола е и португалски Алгарве кој имаше премиера во Формула 1 календарот оваа година, но во трка за местото на Ханои се и турците. Едно е сигурно, следната сезона ќе имаме две нови трки, една на холандкси Зандворт и друга во Саудиска Арабија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ