Имола со само една ДРС зона

Престојното Гранд При на Емилија Ромања кое ќе се вози на автодромот Енцо и Дино Ферари во Сан Марино, ќе има само една ДРС зона на главниот правец од патеката.

Формула 1 се враќа на Имола по 14 години пауза откако овогодинешниот календар претерпе многу откажани трки, а за сметка на тоа, некои нови патеки станаа дел од таканаречениот корона календар.

Од последната посета на Формула 1 на Имола во 2006 годиа, патеката претрпе мали модификации, така што шиканата Варианте Баса повеќе не е во употреба. Тоа значи дека возачите ќе може под полна гас да минуваат од излезот на Риваца до Тамбурело шиканата.

Португалското Гранд При пред една недела исто така имаше само една ДРС зона што е различно од двете кои вообичаено ги имаат патеките од календарот.

Точката на детекција во Имола ќе биде 40 метри по излезот од Риваца, а активацијата ќе биде на целната линија. Последен пат кога Формула 1 гостуваше на Имола, не постоеше ДРС.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ