Инвестицијата на Мекларен во Индикар ќе биде од корист на Ф1 тимот

Зек Браун смета дека зголемениот удел на Мекларен во Индикар тимот ќе додаде вредност на екипата во американската тркачка серија, а ќе биде и од корист на Формула 1 екипата.

Мекларен во партнерство со Шмид Петерсон Моторспорт на крајот од 2019 година стратешки се вклучија во Индикар екипа која во моментов е во врвот на тркачката серија.

имаме луѓе и технлогија, знаење и ресурси кои сметаме дека можеме да ги пренесеме од формула 1 екипата во индикар тимот, но и обратно. формула 1 е технички најнапредна моторспорт тркачка серија и како таква има многу знаење кое може да го понуди на индикар, но и двете серии се надополнуваат.

има технологија и алати во вокинг кои ги користиме, а вообичаено индикар тимовите за таква работа користат надворешни компании, но ние ги имаме. тоа го идентификуваа луѓето задолжени за индикар тимот кај нас пред неколку години.

сезонава ја гледаме користа од тоа, учевме многу лани, сега само го употребуваме наученото и напредуваме.

станавме мнозински акционер во екипата. јас сакам да го користам примерот како кога изнајмувате куќа, можеби нема да го ставите најдобриот мебел во неа, но кога ја поседувате куќата, инвестирате и ставате се што е најдобро. тоа го правиме во моментов.

Во моментов Пато О’Вард и Феликс Розенквист се дел од тимот, но Зек се надева дека во иднина ќе имаат и трет возач.

целата работа е да составиме соодветен пакет, имаме ресурси, така што економски не сме загрижени. сакаме да возиме со три болиди кои може да се натпреваруваат за победа и титула. мислам дека таа серија е таква што возачот е важен колку и тимот и поради тоа е возбудливо.

мораме да се осигураме дека ги имаме вистинскит евозачи во вистинскиот болид, а нема многу слободи возачи, имаме амо куса листа ако сакаме тим од три болиди. ако најдеме некој кој сметаме дека е способен за победи, ќе му дадеме можност следната година, ако не, нема да се откажеме од барање и ќе пробаме потоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ