ИндиКар ќе учи од несреќата на Гросжан

Од американски ИндиКар велат дека сакаат да научат од резултатот и заклучокот на истрагата од несреќата на Роман Гросжан на трката во Бахреин минатата година.

Гросжан преживеа голем судар во заштитните бариери кога неговиот болид буквално помина низ истите со болема брзина, по што пламна во голем пожар. Хало системот за заштита на кокпитот и главите на возачите, кој беше воведен во 2018 година, играше голема улога во спасувањето на неговиот живот.

ФИА и ИндиКар имаат соработка околу безбедноста, а Претседателот на американската серија Џеј Фрај сака да научи што повеќе од истрагата во сударот со цел да ги подобри стандардите.

Имавме еден состанок со тимовите, а следува уште еден и ќе стандардизираме некои работи. Сите видовме што се случи со Гросжан, а што е резултатот? Резултатот беше – возачот преживеа.

Очигледно беше голем инцидент и веќе гледаме кон некои опции, а штом ги добиеме резултатите од истрагата ќе видиме што може да се направи подобро. 

Нашиот аероскрин е поинаков, но има многу сличности кои може да се пренесат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ