Гросжан за евентуално враќање на гридот: Никогаш не вели никогаш

Роман Гросжан не сака да отфрли евентуално негово враќање на Формула 1 гридот со Андрети, екипата која очајно бара влез во спортот.

Американците неколку месеци напорно работат на формирање на нова екипа, но тешко наоѓаат поддршка за влез во спортот, иако имаат договорено соработка со гигантот Џенерал Моторс и нивниот бренд Кадилак.

Французинот Гросжан има 179 Гранд При трки зад себе и во моментов се трка за Индикар тимот на Андрети. Тимот потврди дека доколку најде начин за влез во спортот, дефинитивно ќе имаат американски возач, а Колтон Херта, колегата на Гросжан е најсериозен кандидат за тоа место.

една работа која ја научив лани е никогаш да не велам никогаш. и кажав на мојата сопруга дека никогаш не би живеел во сад, никогаш не би се тркал во американските серии и никогаш не би возел во инди 500, а го направив сето тоа. така, никогаш не би рекол никогаш затоа што не знам што носи иднината – објасни гросжан.

Неодамна Роман беше потврден и за фабрички возач на Ламборџини и ќе се трка во ВЕЦ серијата на издржливост како и ИМСА шампионатот.

уживам во индикар во моментов, уживам што ќе можам да возам со ламборџини на имса на трките за изджливост затоа што таквиот баланс за мене е одличен. секако дека формула 1 останува врвна моторспорт тркачка серија и би сакал да победувам таму.

андрети имаат многу работа за да влезат на гридот, но така беше и со хаас. во моментов го преферирам индикар, но не се знае. кога работите се менуваат пред вас, ви се менуваат и приоритетите.

Формула 1 кариерата на Гросжан заврши неколку трки пред предвиденото во 2020 година по страшниот судар во Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ