Инди за Мекларен ќе биде целосно различен од 2017

Зек Браун, шефот на Мекларе, откри дека претстојниот обид да се победи на индијанаполис 500 ќе биде различно искуство од посетата на легедарниот Брикјард пред две години.

Во првиот обид на Фернандо Алонсо да стигне до тројната круна во 2017 година, болидот на тимот беше со поддшка од Андрети Аутоспорт, а шпанецот беше цело време при врвот, на моменти водеше пред неговиот Хонда мотор да откаже. Годинава Мекларен има своја екипа, а малата оперативна поддршка е обезбедена од Карлин.

во 2017 година беше лесно затоа што мајкл андрети ја правеше целата работа за нас, а тој има големо искуство. знаевме дека го ставаме фернандо во одличен болид, а подготовките беа многу кратки.

оваа година е целосно различно искуство, тимот е целосно на мекларен. добиваме мала помош од карлин, но се работи за оперативни работи, тимски колеги за фернандо, мала поделба на податоци и работи од таква природа што е добро затоа што во тим со еден болид може да се загубите. ќе ни треба тимски колега на брикјард така што поддршката доаѓа од нив – појасни зек браун.

Болидот на тимот веќе беше пробан при претставувањето на автодромот во Тексас, а возење ќе има и неделава на првиот отворен Индикар тест.

се подготвуваме во секој аспект и треба да се осигураме дека двата болиди се добро и да го вратиме фернандо во ритам околу индијанаполис, а за тоа на него обично му треба еден круг. сепак, на тимот ќе му треба повеќе време да се прилагоди.

мора да имате огромна почит кон патеката затоа што може да биде многу тешка и многу брза.  сум видел одлични екипи кои се мачат таму така што треба да се осигураме дека најдобрите денови ни се квалификациите и трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ