Инди 500: Пажино победник во трилер завршница

Возачот од Франција во тимот на Пенске Шефролет, Сајмон Пажино, излезе како победник во титански дуел со поранешниот Формула 1 возач, Александер Роси од Андрети Аутоспорт Хонда во последните 14 кругови од 103то издание на Индијанополис 500.

Пажино стартуваше од пол позиција, водеше во 116 од 200 кругови и по рестарт во завршницата по судар на 5 болиди го претекна Роси, кој во два наврати успешно го возврати ударот, но возачот на Пенске во третиот свиок од предпоследниот круг го направи последниот маневар кој се покажа како успешен.

Такума Сато имаше одлични претекнувања над Ед Карпентер и Џозеф Њугарден во завршницата од трката и се пласираше на трето место, додека Карпентер заврши позади победникот од 2018 година, Вил Пауер, со пласман на петто место.

Сантино Феручи, тест возачот на Хаас Ф1 во Формула 1, го избегна големиот судар во завршницата предизвикан од контактот помеѓу Себастијан Борде и Греам Рахал, се пласираше на седмо место на крајот и воедно ја освои наградата Дебитант на Годината за овогодинешното издание на Инди 500.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ