Мекларен ги враќа историските шари за Инди 500

Мекларен ги откри впечатливите еднократни шари за своите болиди за трката Инди 500 во 2023 година, со портокалово-бела верзија од историската Марлборо шара која ќе ја вози Феликс Розенквист.

Мекларен оваа година ја слави 60-годишнината, која беше одбележана во Формула 1 со именување на својот болид за 2023 година како МЦЛ60.

Во пресрет на месец Мај, ИндиКар екипата на Мекларен, исто така ја слави богатата историја на британскиот бренд со три болиди, сите во знак на сеќавање на историската победа на Мекларен во рамки на Тројната Круна, вклучувајќи ги победите во Инди 500, Големата Награда на Монако и 24 Часа ЛеМан 24.

Најпривлечната е култната шара на Марлборо во портокалово-бела верзија, која беше омилена на фановите во Формула 1 повеќе од една деценија на болидите на Аиртон Сена, Ален Прост и Ники Лауда.

Болидот број 6 на Феликс Розенквист ќе укаже почит на Мекларен МП4-2, со кој Прост победи на Големата Награда на Монако во 1984 година.

Болидот број 5 на Пато О’Вард е целосно црн како почит кон победата на Мекларен на ЛеМан во 1995 година. Таа година, целосно црниот Мекларен Ф1 ГТР, дизајниран од Гордон Мареј, триумфираше во рацете на Јаник Далмас, Џеј Џеј Лето и Масанори Секија.

Болидот број 7 на Александар Роси е обвиен во папаја портокалова и сина боја за да ја прослави победата на Мекларен на Инди 500 во 1976 година, со која Џони Радерфорд ја освои својата втора победа во Инди во трката скратена од дожд со Мекларен М16.

Горд сум што ги откривам овие култни комеморативни шари, прославувајќи го историското достигнување на тројната круна на Мекларен за нашата 60 годишнина – рече извршниот директор на Мекларен, Зек Браун.

Тие изгледаат неверојатно и едвај чекам да ги видам нашите момци како се тркаат со нив на патеката.

Тројцата возачи на Ероу Мекларен ќе се појават на патеката на отворениот тест следната недела од 19 до 20 Април па натаму, вклучувајќи ги тренинзите, квалификациите и самата трка на 28 Мај.

Тимот влегува со четири болиди во 107то издание на трката, а Тони Канаан ќе го има четврттиот еднократен влез во она што треба да биде неговото последно појавување во ИндиКар трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ