Инди500: Пауер го заокружи победничкиот ден за Австралија

По триумфалното возење на Даниел Рикардо за Големата Награда на Монако, уште еден австралијанец победи на престижна трка во моторспорт светот.

Вил Пауер од тимот на Пенске стигна до својата прва победа на Инди 500, 17 за екипата, во нејзиното 102 издание и воедно е првиот возач од Австралија кој успеал во овој поход.

Доцна истакната жолто знаме додека Пауер возеше на четврттото место им даде одлична можност на возачите кои беа на алтернативна стратегија, но изненадувачките лидери Стефан Вилсон, Џек Харви и Ориол Сервиа се одлучија да влезат во бокс.

Со тоа му го предадоа водството на Пауер, кој пак имаше значителна предност пред освојувачот на пол позицијата, Ед Карпентер и Скот Диксон. Пауер го задржа водството во последните 5 кругови и стигна до победа.

Победата на Инди 500 е негова 34та во Индикар серијата и го изедначува на 8 место на вечната листа на победници, со Ал Ансер Јуниор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ