Инженерот на кој Тост не му веруваше, го напушти тимот

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тосто, во Саудиска Арабија изјави дека не верува на некои од неговите инженери, а по лошиот почеток на сезоната.

Неодамна, самиот Тост потврди дека ова е последна година за него на чело на малата екипа од Фаенца, а исто така и дека Лорен Мекиес и Петер Бајер ќе го наследат, а од падокот во Мајами потврди на кој свој инженер не му верува.

инженерот на кој повеќе не му верувам не е повеќе дел од тимот, како што може да се претпостави, а на останатите им верувам. оние кои останаа вршат добра работа – изјави франц.

Иако шефот на екипата како и човекот одговорен за односи со јавноста одбија д го идентификуваат инженерот кој заминал, RacingNews365 од свои извори дознале дека тој бил шеф на одделот за аеродинамика, Диктон Балмфорт, кој повеќе не е со екипата.

Балмфорт ја почна својата Формула 1 кариера со Вилијамс во 2003 година, а од Мај 2018 година е во АлфаТаури откако претходно 12 години мина во Ред Бул и стигна до функцијата одговорен аеродинамичар.

Негова замена, според LinkedIn социјалната мрежа ќе биде доктор Гуру Џол, кој заминал од улогата шеф на аеродинамика во Астон Мартин пред два месеци откако минал 8 години со нив,  анеговиот профил вели дека е заменик на главниот аеродинамичар во АлфаТаури.

Јол ја почна својата Формула 1 кариера во 2004 година со Ред Бул и минал повеќе од 10 години во екипата пред да мине во Форс Индија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ