Ирвајн: Хамилтон е подобар од Шумахер и од Сена

Поранешниот возач на Скудерија Ферари, ирецот Еди Ирвајн, смета дека Луис Хамилтон е подобар возач од Михаел Шумахер, но и од Аиртон Сена. Ивајн беше дел од Ферари од 1996 година до 1999 година на почеток на ерата на Михаел Шумахер во Маранело.

Хамилтон е најдобриот возач во историјата, многу подобар од шумахер, а многу подобар и од сена – изјави еди за германски rtl.

Ирецот смета дека главната разлика помешу шесткратниот првак Хамилтон и четирикратниот шампион од Ферари, Себастијан Фетел е тоа што британецот многу ретко е во некаков вид на инцидент.

Тој дополни и дек седумкратниот првак Шумахер правел многу грешки вклучително и инцидентот со Дејмон Хил од 1994 година и со Жак Вилнев три години подоцна на трки каде се решаваше за шампионскиот наслов. Поради сето тоа, Ирвајн смета дека Луис е најголем во историјата, но кога се зборува за најбрз Формула 1 возач тој смета дека тоа сепак е Шумахер.

за чиста брзина шумахер беше еден и единствен, беше толку многу лудо брз. никој не можеше да се носи со неговата брзина нити да му се доближи. беше неверојатно да се биде негов колега – заврши ирвајн.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ