Исола ги предупреди возачите за промените на Спа

Шефот на Пирели Ф1, Марио Исола, ги предупреди возачите да внимаваат на границите на патеката во текот на викендот откако се додадоа песочни делови на историската Спа. 

Патекта беше предмет на реновирање со проект кој чини 80 милиони евра, првиот дел беше нова трибина на врвот на О`Руж и неколку промени со додавање на песочни делови. Фокусот е на Раидлион и неколку други делови.  Сега мора да се внимава на излезот на Ла Сорс, Лес Комбс и обновената удолница со деветтиот свиок. 

Додаден е нов асфалт на пет свиоци и четири песочни делови кои се сега многу блиску до патеката. Возачите ќе мора да внимаваат на овие делови бидејќи лесно може да загубат контрола. Природата на Спа е непроменета и сеуште е возбудлива – посочи исола.

Спа е една од патеките која ги троши гумите и Пирели се одлучија да ги донесат компонентите Ц2, Ц3 и Ц4. Поради најавите за дожд Пирели носи и интермедиа и гуми за дожд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ