Италијанските медиуми најавуваат војна во Ферари

Ферари имаат најбрз болид по крајот на летната пауза, победија на првите три трки од почетокот на вториот дел од првенството, но погрешија во Русија и “ги частеа“ Мерцедес 1-2 триумф.

Најголем проблем во тимот по Руското Гранд При очигледно е дека е хиерархијата помеѓу возачите и неможноста соодветно да се менаџираат. Според најголем дел од италијанскит емедиуми Шарл Леклер и Себастијан Фетел се во војна, а откако го поправија болидот кој беше конкурентен за победа од почеток на сезоната, Матиа Биното има друга главоболка во облика на неговите двајца возачи.

Викендот во Сочи ветуваше многу за славната италијанска екипа, така што јасно е дека медиумит есе преполни со натписи за омилената Скудерија.

La Stampa: Мерцедес доминираше на Руското Гранд При како и во сите претходни изданија, но овој пат Ферари изгледаа непобедливо во првиот дел од трката. Проблем со хибридниот систем во 28от од вкупно 53те предвидени кругови го натера Себастијан Фетел да се повлече. Дополнително, застана непосредно до патеката што донесе виртуелно безбедносно возило што отвори пат за победа на “сребрените стрели“.

Gazzetta dello Sport: Двојна победа, разочарување и тензија во Ферари. Не е само поради поразот трката во Сочи толку горчлива, но главен проблем е итната потреба да се реши опасниот и лут однос помеѓу двајцата возачи. Ферари имаа 1-2 триумф во рака пред проблемот со кинетичкиот дел на Фетел да промени се и Мерцедес наместо нив триумфираа во 1-2 стил. тензијата е висока во Ферари, а двајцата возачи се борат, таму е војна.

Corriere dello Sport: Отворена војна во Ферари помеѓу Фетел и Леклер. Ферари се надеваше на уште една двојна победа во Сочи, но Мерцедес славеше. “Стариот“ Фетел реагираше со гордост на растечката ароганција на младиот Шарл Леклер. Леклер го има правото да се бори за побед исто како и Фетел има право да се бори за 5та шампионска титула. Не е јасно како Маранело не може да дефинира правила на работа и да ги спречи растечките конфликти помеѓу возачите. На Шарл не му се допадна тоа што беше минат, Фетел не му ја врати назад позицијата и Ферари не успеа да го менаџира тоа. Мерцедес успеа да го искористи тоа и да победи на трка на која “црвените“ домираа.

Tuttosport: Отровно расположение во Ферари, болидот е брз, но во Маранело ја плаќаат цената за војната помеѓу двајцата возачи, а шефот Мариа Биното веднаш да ги разјасни работите. Леклер не разбираше зошто Фетел го мина и не му ја врати позицијата, а германецот не разбираше зошто толку доцна влезе во бокс и му дозволи на колегата да го мине. Ферари ја контролираа трката, но на крајот успејаа да ја изгубат поради интерна борба.

Corriere della Sera: По караницата, моторот на Фетел откажа и Ферари отфрли победа. Имаа проблеми со издржливоста на болидот, стратегијата и менаџирањето на возачите. Односот помеѓу Фетел и Леклер е веќе затегнат, а не се ни борат за титула. Што ли ќе се случи догодина?

La Repubblica: Фетел имаше одличен старт и го искористи договорот во тимот во своја корист се додека тоа можеше да го прави. Докажа дека има ритам на вистински шампион. Биното има двајца мотивирани возачи што е луксуз, но понекогаш ваквата комбинација не ги носи посакуваните резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ