Италија ги сака Монца и Имола на календарот

Италијанскиот заменик премиер изјави дека владата е одлучна да ги задржи Имола и Монца на Формула 1 календарот. 

Овој викенд спортот е гостин во Емилија Ромања на легендарниот автодром Енцо и Дио Ферари, додека во Септември ќе се вози трката на Храмот а брзината во Монца. Двете трки имаат посебни договори до 2025 година, но се стравува дека тие нема да бидат продолжени поради желбата на спортот да оди на други пазари. Матео Салвини за La Gazzetta dello Sport изјави. 

Целта е да имаме две трки и тие Мора да бидат заедно. 

Минитстерот за надворешни работи, Антонио Тајани додаде: 

Има големо барање до Формула 1 да даде поддршка на двете трки што е главен приоритет на владата. Формула 1 е динамична и креативна слика на нашата земја. 

Тука се приклучи и Салвини. 

Две трки носат работа, туризам, идентитет, традицја и иновација и тоа е свето. Мора да се најде начин за одржливост и да се слушаат звуците на моторите. Како министер сум тука да дадам што поголема финансиска подршка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ