Италија нема да има две трки

Италија можеби нема да ги задржи двете трки по 2025 година е тврдењето на Анџело  Стичи Дамиани, шефот на италијанската моторспорт федерација.

Во моментов Формула 1 го вози Италијанското Гранд При на Монца и Големата награда на Емилија Ромања на Имола и се работи на подобрувања на Монца за таа да добие нов договор. 

Мора да се држиме до Формула 1 и да еволуираме. Предизвик за нас е да продолжиме по 2025 година и мора да се справиме со се што ќе дојде. Инвестиравме 44 миилони евра минатата година, но и загубивме доста пари поради високите трошоци. Поради тоа нашиот буџет имаше проблеми – изјави Дамиани. 

Но и покрај тоа што Имола и Монца имаат договор до 205 година, сепак тој смета дека тешко трката да се одржи после таа година. 

Имаме чудо што имаме две трки до 2025 година, но мора да сме оптимисти. Мора да му покажеме на Доменикали дека сме сериозни за Ф1. не е лесно да се преговара бидејќи сите сакаат да се на формула 1 календарот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ