И Вилијамс “во игра“ за БВТ

Откако објавивме дека американскиот Формула 1 тим, Хаас, е блиску до потпишување на спонзорски договор со австриската компанија БВТ, се чини дека тие имаат конкуренција во Вилијамс.

Германски Kolner Express откри дека со промената на бојата на Астон Мартин во зелена и потпишувањето на Когнизант за главен спонзор, БВТ станале прекубројни во Силверстон, Компанијата за менаџирање со отпадни води се чини има огромна корист од Формула 1 и поради тоа бараат начин да остранат на гридот.

Германскат телевизија РТЛ пренесува дека гласините дека БВТ преговара со Хаас се неточни.

според нашите информации, бвт нема да ја спонзорира американската тркачка екипа – велат од ртл.

Италијанската La Gazzetta dello Sport прнесува дека австриската компанија покажала интерес да соработува со фабричкиот Алпин, но преговорите не биле плодни. Всушност, италијанците велат дека во моментов БВТ е многу блиску до Вилијамс.

преговорите се веќе во напредна фаза и блиску до крајот – вели La Gazzetta dello Sport.

Преговорите со Алпин пропаднале затоа што предуслов за БВТ било нивната розева боја да доминира, а за фабричката екипа на Рено, тоа не доаѓало во предвид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ