И покрај опомената, Стаинер ги повтори коментарите за стјуардите

Шефот на Хаас доби опомена поради коментарите што ги даде во Шпанија за казната на Нико Хулкенберг на Големата Награда на Монако.

Гунтер Стаинер, ја повтори својата желба Формула 1 да има постојани стјуарди, откако доби опомена од ФИА поради дадените коментари.

Во Монако, Нико Хулкенберг доби казна за агресивно претекнување во првиот круг, додека Кевин Магнусен исто така направи сличен потег во внатрешноста на Миребо во трката, но не доби никаква санкција.

Одговарајќи на тоа во Шпанија, Стаинер прокоментира дека Ф1 е еден од најголемите спортови во светот, а сè уште има лаици кои одлучуваат за судбината на луѓето кои инвестираат милиони во нивните кариери, коментар што му донесе опомена од ФИА.

Ова беше доволно за да заработи опомена од стјуардите, но Стаинер го повтори своето мислење за нешто што треба да се промени кога го прашаа во Монтреал.

Како би го решиле континуитетот на стјуардите, кого би поставиле на таа позиција?

Јас нема да ги бирам стјуардите, не ми е грижа. За мене, системот и континуитетот мора да бидат исти секој пат. Се уште верувам дека казната во Монте Карло беше погрешна.

Инцидентот не се случи во погрешен свиок, беше правилен свиок и имаше контакт, така што како може да бидете казнети ако не сте погрешиле?

Како може казна за судар кога немаше судар?

Мислам дека немаше континуитет, Магнусен имаше сличен маневар и не беше казнет, така што мислам дека имаме можност да бидеме подобри како спорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ