И Хакинен загрижен по инцидентот во Јапонија

Двократниот Формула 1 првак, Мик Хакинен, изрази загриженост поради инцидентот со кранот на патеката за време на Јапонското Гранд При, изразувајќи надеж дека ФИА многу ќе научи од склучката.

безбедноста е најважна за сите во формула 1, тоа значи возачи, екипи, мршали и гледачи. фиа и формула 1 напоно работат за подобрување на безбедноста, а сите се сеќаваме на несреќата на жул бјанки од 2014 година која беше трагичен момент од кој сите се обидувавме да научиме. тоа е единствена возачка жртва во последните 28 години во спортот и не сакаме веќе такви случки – напиша хакинен за својата традиционална неделна колумна.

Тој е задоволен што видел дека ФИА веднаш покренала детална истрага за инцидентот, со надеж дека она што ќе се открие ќе придонесе за во иднина.

она што се случи во недела секако дека е причина за загриженост затоа што беше јасно дека пјер е шокиран кога виде толкав кран на патеката. тој доби казна што возел толку бро под развеано црвено знаме, но фиа мора темелно да ги ревидира настаните затоа што возачот може лесно да не го види сингалот и да се случи нешто страшно поради слабата видливост.

ни требаат системи кои ќе осигураат дека сите знаеме што се случува на патеката. сите се решени спортот да биде колку што може побезбеден и секој инвидент е можност за учење и подобрување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ