Хакинен: Норис е на исто ниво како и Верстапен

Ландо Норис доби големи пофалби од поранешниот шампион, Мика Хакинен, кој тврди дека британецот е на исто натпреварувачко ниво како и двократниот првак Макс Верстапен.

Норис моментално е во својата петта сезона во Ф1, откако му се приклучи на Мекларен како дебитант во 2019 година. Меѓутоа, во споредба со некои негови врсници со кои пораснал во тркачките серии, тој не доби болид за челните позиции.

Норис има договор со Мекларен до крајот на 2025 година, но неговата иднина во Мекларен е доведена во прашање од некои поради проблемите на тимот од Вокинг. Хакинен, кој ги освои двете титули во Ф1 со Мекларен, беше полн со пофалби за 23 годишниот возач.

Тој е многу брз возач, постигна многу, поточно покажува убедливи резултати постојано – изјави Хакинен.

Тој е многу талентиран, без сомнение за тоа. Тој е на исто ниво како Леклер, Верстапен и Саинз. Ландо е на многу високо ниво во однос на брзината.

Мекларен претрпе тежок почеток на сезоната во 2023 година минатиот викенд, при што Норис мораше да влезе шест пати во боксот поради проблем со приитсокот додека тимскиот колега Оскар Пиастри мораше да се откаже на своето деби.

Тимот со седиште во Вокинг пред почетокот на годината призна дека ги пропуштил развојните цели со болидот МЦЛ60, оставајќи го да ја започне сезоната со големо заостанување. И покрај тоа, екипата е насочена кон завршна позиција во првите четири во шампионатот за конструктори.

Хакинен вели дека потенцијалот на сегашниот тим на Мекларен нема да се види неколку години.

Мислам дека Мекларен нема многу големи очекувања оваа година – рече тој.

Тие го знаат нивниот оддел за развој, а нивните спонзори и партнери се технолошки гиганти од светска класа. Мекларен ја има нивната поддршка, но тимот знае дека сè уште не се таму. За резултатот им требаат уште неколку години.

Тие се во тоа долгорочно и имаат добри партнери. Како што реков, можеби ќе има некои резултати оваа година, но мислам дека вистинските перформанси ќе се видат за неколку години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ