Хакинен даде свое мислење за Мекларен

Мекларен во моментов се мачат со перформанси и нивниот поранешен возач, двократниот првак Мика Хакинен, изјави дека на тимот ќе му требаат неколку години да се врати во форма. 

Тимот од Вокинг изврте најмалку кругови на предсезонскиот тест и признаа дека не ги постигнале целите за развој на болидот. 

МИслам дека Мекларен не цели високо оваа година. Тие знаат дека нивниот развој и нивните спонзори се технолошки гиганти. Мекларен ја има нивната подршка, но тимот знае дека сеуште не се во добра позиција.

Можеби ќе имаат резултати оваа сезона, но вистински перформанси ќе имаат за неколку години. Имаат добри партнери. 

Хакинен го пофали Ландо Норис за кој верува дека е еден од најдобрите возчаи моментално во Ф1. 

Норис е многу брз. Постигна многу и даде резултати. Има неверојатен талент и е на исто ниво со Леклер, Верстапен и Саинз, а можеби е и побрз. Тој е број 1 возач во Мекларен. 

Неговиот колега Оскар Пиастри ќе дебитира овој викенд и Хакинен смета дека тимот има добар возачки тандем. 

Пиастри беше дел од Алпин. Потрошија многу пари на него и тој одлучи да замине во Мекларен. Луѓето чекаат договори и тие се најважни, Но мислам дека двајцта ќе бидат добар тандем. Треба да бидат мотивација за тимот. Браун ќе му даде место на Пиастри за развој. екипаѕа има многу податоци кои може да му помогнат на Пиастри. Мислам дека нема да има проблеми и нема да има притисок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ