И Хулкенберг дел од борбата за место во Хаас

Германецот Нико Хулкенберг се појави како сериозен кандидат да го замени Мик Шумахер во Формула 1 тимот на Хаас за 2023 година.

Иако сè уште нема официјална потврда дека Шумахер нема да биде задржан во американската екипа, шефот на тимот, Гунтер Стаинер, активно разговара со други кандидати во последните недели. Антонио Џовинаци, кој изминатиов викенд возеше за тимот на првиот петочен тренинг во Монца, веќе некое време е високо на листата. Тој е омилениот избор за снабдувачот на мотори Ферари, иако Стаинер вели дека италијанската екипа нема глас по ова прашање и може да понуди само предлози.

На листата на кандидати за Алпин е и Хулкенберг, кој настапи на првите две трки од минатата сезона како резервен возач на Астон Мартин. Германецот се тркаше за тимот на Енстон во 2017 и 2018 година и е добро познат на тимскиот шеф Отмар Шафнауер од неговите денови во Форс Индија и Рејсинг Поинт. Сепак, изворите сугерираат дека Формула 2 ѕвездата Џек Дуан е поблиску до тимот на Алпин.

Стаинер призна дека Хулкенберг е кандидат за Хаас, но инсистираше на тоа дека тој е еден од многуте возачи кои се уште се разгледуваат.

Сите со суперлиценца се на списокот. Мислам дека тој е кандидат како и сите други, затоа што има суперлиценца, има кариера во Формула 1, има искуство.

Мислам, нема никој кој се трка сега што би можеле да го добиеме ако сакаме да промениме. Треба само да видиме која е најдобрата одлука – посочи шефот стаинер.

Џовинаци само ги подобри своите шанси со тоа што имаше добри перформанси во Т1 на Монца, откако се загреа возејќи го минатогодишното Ферари на Фиорано неколку дена порано. Италијанецот ја заврши сесијата на само 0,3 секунди зад редовниот возач, Кевин Магнусен и покрај грешката во неговиот најдобар круг.

Џовинаци ќе има уште едно возење во Т1 во Остин, но Стаинер продолжува да го минимизира значењето на неговите сесии, потврдувајќи дека тие биле договорени како услуга за шефот на тимот на Ферари, Матиа Биното, кој сакал неговата резерва да добие одредена километража.

Луѓето посветуваат премногу внимание на тоа. Повеќе беше тоа што Ферари побараа од нас да го водиме нивниот резервен возач, тоа не беше барање да го тестираме за да донесеме одлука.

Тој заврши многу добра работа во сесијата, никогаш не возел ваков болид и Веднаш беше во форма, беше многу добар.

Добро е да се види дека болидот е добар, затоа што ако некој што не бил во болидот една година и го постигнува ова време, болидот не може да биде премногу лош – вели Стаинер.

Џовинаци јасно стави до знаење дека сака да се врати на гридот следната година.

Видовме дека оваа година имавме навистина глупав период со пазарот на возачи и не знам што ќе биде од тоа – вели Џовинаци.

Сакам да бидам тука следната година, сигурно, тоа не е тајна, но не е во мои раце. Па да видиме што можеме да направиме, а засега се фокусирам на тоа да завршам одлична работа во овие две сесии. Едната заврши, сега имаме уште една.

Резервистот на Хаас, Пјетро Фитипалди, останува уште еден кандидат за местото во 2023 година, при што некои извори укажуваат дека тој може да биде поврзан со спонзорски договор. Тимот сè уште не искористил ниту една од своите почетнички Т1 сесии, а бразилецот, кој ги започна последните две трки од сезоната во 2020 година, останува квалификуван да ги изведе и е моменталниот избор на тимот за оваа работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ