Како дел од борбата против Ковид-19, Мерцедес дизајнирале помагало за дишење

Помагало за дишење кое е дизајнирано од инженерите на Мерцедес доби дозвола за употреба од НХС во Велика Британија како дел од третманот на пациентите заболени од Ковид-19.

Пандемијата од коронавирусот ја почувствува целиот свет, а Формула 1 тимовите се организираа да ги искористат своите инженерски способности да го подржат здравствениот систем преку Проектот Питлајн.

Соработката на машинските инженери од Универзитетот во Лондон и Мерцедес АМГ Ф1 им помогна да направат помагало за дишење. Ова помагало ќе се користи за пациенти заболени од Ковид-19 и многу се користи во Италија и Кина.

Спорец Универзитетот на половина од пациентите им е дадена помош од респиратор. Во Велика Британија има недостаток на респиратори, а производството на овој уред доаѓа на само 100 часа по првиот состанок на 18 Март. Уред веќе има дозвола за упортреба и може да се користи низ целата земја.

Британската влада веќе има нарачка за 10,000 респиратори од конзорциумот составен од 7 тимови сместени во Велика Британија како и Ербас, БАЕ системс и Форд.

Извори од владата велат дека има потреба од 30,000 респиратори а во моментот се користат 8,000 и уште толку се порачани од меѓународни доставували.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ