Како Мекларен може да си го дозволат Маршал сред ограничување на трошоците

Мекларен инвестираат многу во персоналот и капацитетите, а шефот Андреа Стела ги пофали напорите на извршниот директор Зек Браун.

Шефот на Мекларен, Андреа Стела ги пофали напорите на извршниот директор Зек Браун да овозможи тимот да може да си го допушти Роб Маршал од Ред Бул.

Долгогодишниот инженер на Ред Бул, Маршал, беше најавен дека ќе му се придружи на Мекларен за 2024 година, откако беше во искушение да се приклучи на обновениот технички оддел во Вокинг додека Мекларен се обидува да се искачи повторно во борбата за титулата.

Покрај тоа, тимот исто така многу инвестира во инфраструктура, вклучувајќи нов воздушен тунел, симулатор и пренамена на старата фабрика како објект за композитни материјали.

Ова доаѓа наспроти правилото со ограничување на трошоците што ограничува колку тимовите можат да трошат, но Стела ги посочи напорите на Браун кога беше прашан како Мекларен можат да го ангажира Маршал.

Во однос на буџетот, Зек врши добра работа за да го стави Мекларен во позиција да ги потроши овие пари – изјави Стела за медиумите.

Во рамките на регулативата имаме можност да трошиме ваков буџет, не само од оперативен аспект, туку и од капитални расходи.

Тоа не создаде посебни предизвици, така што не беше тежок процес.

Роб ќе се приклучи на тимот со уникатно ниво на искуство и знаење во однос на инженерството и дизајнирањето на Формула 1 болиди.

Тој беше клучен во создавањето на толку силен технички оддел во Ред Бул, па во моментов, ние сме многу задоволни и возбудени што Роб сака да се приклучи на нашето патешествие да го однесеме Мекларен на предниот дел од гридот.

Мекларен поставува нова техничка структура со три главни личности, а на сегашниот вработен Питер Продрому ќе му се придружат Маршал и Давид Санчез, порано од Ферари.

Оригиналниот план предвидуваше Нил Холдли да го предводи одделот за инженерство и дизајн, но Маршал треба да ја заземе таа позиција, а Холдли ќе му биде десна рака.

Стела го пофали Холдли за тоа што е тимски играч во тој процес.

Нил отсекогаш бил дел од процесот, тој бил дел од разговорот – објасни Стела.

Тој всушност играше како тимски играч, а кога му кажавме на Нил дека ја имаме оваа можност, која беше сосема неиспуштлива, заедно го елабориравме решението.

Има толку многу да се направи во однос на инженерството и дизајнот за да се создадат вистинските стандарди за да се дизајнира најбрзиот болид во Формула 1, што всушност мислевме дека ова е многу моќна комбинација, со Роб, повеќе од техничкиот авторитет и Нил повеќе на секојдневните активности во рамките на одделот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ