Канада: Нов триумф за Верстапен, Леклер заврши 5ти

Макс Верстапен со победа од пол позиција, рутински стигна до својот 26ти триумф во кариерата и ја донесе 82та победа за Ред Бул кои го минаа Лотус на 5то место на вечната листа победници на трки.

Дополнително, холанѓанецот со својот 67ми подиум се изедначи со Валтери Ботас, а Карлос Саинз стигна до својот 11ти топ 3 пласман. Двоен топ 5 за Мерцедес, а двојни поени и за Алпин и Алфа Ромео.

Стартот на трката не донесе некои особени изненадувања освен тоа што Мик Шумахер го загуби своето тешко освоено 6то место од Естебан Окон. Кевин Магнусен се обиде да го мине Хамилтон, но има мал контакт и се оштети десниот дел од предното крило на данецот.

На Карлос Саинз му требаа 3 круга за да го мине Фернандо Алонсо и да дојде зад Макс Верстапен, но холанѓанецот до тогаш имаше направено 2,5 секунди предност.

До 6от круг, Џорџ Расел со својот В13 веќе ги мина Шумахер, Окон и Магнусен и беше на 5то место, позицијата која му е како најлош пласман сезонава.

До 8от круг, Серхио Перез веќе беше на 10то место откако трката ја почна на 13та позиција, но напредуваше најмногу поради влез во бокс на оние пред него. Но, токму крајот на тој 8ми круг беше и последно нешто што Чеко извозе на пагеката затоа што неговиот менувач заглави во брзина и тој мораше да се откаже од трката. На сила стапи виртуелното безбедносно возилло за време на кое Верстапен промени од медиум на хард, а неговиот пример го следеше и Луис Хамилтон. На почетокот на 10от круг, виртуелното безбедносно возило прекина, а Макс, барем во тие моменти, беше најголем губитник бидејќи од прво дојде на трето место.

По 10 кругови, актуелниот првак надомести една позиција, минувајќи го Фернандо Алонсо за 2ро место, откако неколку кругови претходно разменуваа најбтрзи обиколку со лидерот Саинз.

Во 20от круг се откажа Мик Шумахер буквално на истото место каде запре и Серхио Перез. Следуваше виртуелно безбедносно возило за време на кое Џорџ Расел влезе по нови гуми, а истото го направви и Естебан Окон, тандемот на Мекларен, Жу од Алфа Ромео и лидерот Карлос Саиз. Сите своите стартни гуми ги променија на бело маркираниот медиум. Верстапен се врати на лидерското место пред Нандо и Саинз, следуваше тандемот на Мерцедес пред Окон, Ботас, а Леклер дојде до 8мо место.

Во 22та обиколка, моначанецот Леклер го мина Ботас и дојде на 7мо место, откако доста кругови претходно паралелно претекнуваа болиди со финецот.

Фернандо Алонсо загуби позиција во 22от круг од Карлос Саинз, а потоа и од Луис Хамилтон, позиционирајќи се на 4то место. Во 29та обиколка, Нандо загуби позиција и од Шарл Леклер кој се позиционираше на 6то место.

Во 42от круг, поп долга борба со Естебан Окон, Шарл Леклер се реши по 42 кругови серија со хард, да промени на медиум. Ферари имаа мал кикс во боксот и променија за 5,2 секунди. Тие 2-3 секунди подолга промена го вратија на 12то место зад Строл Жу, Тсунода и Рикардо.

Следнио 42ти круг, Накс Верстапен проени нови гуми, 34те кругови стари хард ги промени на нови хард и при излезот од боксот имаше блиска средба со Хамилтон и се позиционираше зад него, на 3то место. На крајот на истиот круг, Хамилтон влезе во бокс по свежи хард, Верстапен дојде на 2ро место. Следниот круг нови хард монтираше и Расел.

Леклер го мина Рикардо во 44от круг, го претекна Тсунода следниот и дојде на 10то место. Дв кругови подоцна негова жртва беше и Гуанју Жу, а следниот круг и Ленс Строл за 8мо место.

Во 49от круг Јуки Тсунода заврши во оградата при излезот од боксот, монтираше свежи гуми и веднаш заврши од ограда носејќи безбедносно возило. Тоа го искористи Карлос Саинз за бесплатно менување гуми кое го чинеше 3,7 секунди и рестарт веднаш зад Макс. Двојна промена имаше и во Алпин, нови гуми земаа Алонсо и Окон. Карлос излезе на хард, а во Алпин променија на медиум.

Кругот број 54 беше последен кој се возеше зад безбедносно возило по штп следуваше рестарт кој го поведе Верстапен пред Саинз и двата Мерцедес и на хард, а зад нив следуваа два Алпин, Леклер и Ботас на медиум.

Штом ДРС системот беше овозможен во 57от круг, КАрлос се залепи зад Верстапен и одработе најбрз круг. Два круга подоцна, Шарл Леклер го мина Фернандо Алонсо и му го превзема 6то место, а следниот круг имаше обид да го мине и Окон, но не успеа. Сепак, следниот круг моначанецот дојде до 5то место, зад тандемот на Мерцедес.

До крајот на трката, Карлос Саинз го бркаше Макс Верстапен и цело време беше во неговата ДРС зона, но не успеа да го мине иако се закани и возеше константно најбрзи сектори.

На крајот, победа за Макс Верстапе пред Карлос Саинз кој конечно имаше стабилна и силна трка, а по подолго време до подиум дојде и Луис Хамилтон. Седумкратниот првак втор пат сезонава беше подобар од тимскиот колега кој беше 4ти, а зад нив финишираше Шарл Леклер иако почна од 19то место.

Алпин имаа фантастична трка со двојни поени, 6ѕо и 7мо место, Окон пред Алонсо, а двојни поени имаше и за Алфа Ромео, Ботас заврши 2 секунди пред Жу. Последниот поен го освои домашниот Ленс Строл.

Поенот за најбрз круг го освои Карлос Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ